Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вие одлучивте, Аврамовски играч на полусезоната!!!
Вие одлучивте, Аврамовски играч на полусезоната!!!

Вие одлучивте, Аврамовски играч на полусезоната!!!

Вардар Фанс” праша, а Вие одлучивте: Даниел Аврамовски го добива признанието најдобар играч на Вардар изминатава полусезона.

На анкетата на „Вардар Фанс” која траеше два дена, гласаа вкупно 1.254 навивачи од кои најголемиот дел беа за напаѓачот и најдобар стрелец во ПМФЛ оваа полусезона. По Аврамовски, највеќе гласови доби капитенот на „црвено – црните”, Филип Гачевски, а треттото место им припадна на Адем и Жуниор со исти број на гласови.

Вака гласаа Вардарци:

1. Даниел Аврамовски 423 гласа
2. Филип Гачевски 329
3. Али Адем 72
3. Жуниор Реис 72
4. Јован Попзлатанов 67
5. Матеј Цветаноски 62
6. Кристијан Тошевски 50
7. Филип Најдовски 48
8. Евгениј Новак 38
9. Владица Брдаровски 35
10. Џемал Ибиши 30
11. Дарко Мицевски 28