Очигледно почна нова политика во ФК Вардар, позитивна која е за поздравување, па младите таленирани поедници почнаа да ги „врзуваат“ благовремено со договори. Членот на младинските екипи на Вардар, таленираниот голман кој е и репрезентативец на Македонија, Китановски Кристијан доби договор.
Таленираното момче кое брани одлично, особено оваа есен кога на голот на Вардар беше фантастичен и доби репрезенативен повик му е понуден договор кој тој го потпиша. Китановски дојде во црвено-црниот тим од екипата на ФК Пелистер, денес стави потпис за две и пол годишна професионална соработка со Вардар. Неговиот талент е прераснува во квалитет, па се очекува наскоро да добие прилика истото да го прикаже во сениорскиот тим каде неприкосновен е нашиот капитен, Гачевски Филип.
Тој има 17.години и пред него е блескав пат доколку продолжи да се развива како до сега.