Tимот на Будимир и Станковски, црвено-црниот кадетски тим Вардар Јуниор ја заврши есента како „лидер“ во групата-1. Момците дојдоа до „Есенска круна“ на доминантен начин, на сите шест мечеви дојдоа до високи победи.
Доминацијата е максимална, победувавме со огромни разлики, на секој дуел на полувреме одевме со предност без исклучок па бројките кои ги остваривеме се помалку зачудувачки. Овој тим е граден и селектиран години наназад од Будимир, кој создаде „машини“ од младите момци кои играат тотален ракомет во двата правци. Таа создаде екипа за максимална доминација која се „прошета“ оваа есен. Тимот го краси одлична одбрана, добри голмани и убоит напад. Од мината сезона со нив работи и Аце Станковски, човек кој даде голем придонес во тимот, тој успеа да ги максимализира нивните физички можности до „плафон“. Во есенскиот дел вака изгледаат нивните резултати:
1. Драчево-Вардар 12:37
2. Вардар-Алушовски 37:22
3. Бутел-Вардар 20-38
4. Вардар-слободен
5. Вардар-Пролет 29:14
6. Балтепе-Вардар 21:46
7. Вардар- Металург 43:17
Кога сме кај постигнувањата во бројки доминацијата е целосна и лесно воочлива. Па така ние сме лидери со 18.бода и максимални шест победи на исто толку мечеви. Во нападот погодувавме до сите позиции, овој тим има „лепеза“ на различни акции во офанзива кој стручниот штаб добро ги воиграл. Убоити сме од бековските позиции, крилните и пикерската, а нашите контри се перфектни. Па тоа донесе огромен број на погодоци неверојатни 230 гола на само шест меча. Просекот е фрапантен и помалку неверојатен, во просек погодуваме дури 38,35 пати на еден дуел, ние сме на границата на магичните 40.гола во просек по одигран меч која ќе ја бркаме на пролет. Дефанзивата е приказна за себе, токму овде во сезоните пред оваа и оваа Будимир вградува највеќе енергија, акцент и труд, па направи тим кој е речиси нескршлив. Примивме само 106 погодока, или противнците успеаваат да погодат само 17,65 пати на меч, ние сме тим има повеќе од двојно погодени од примени голови. Ние на еден гол во нашата мрежа, „одговараме“ со 2,20 во противничката гледано во просек. Ние сме единствена кадетска екипа во Македонија со помал просек од 20.гола примени гола по одигран меч.
Вардаровата екипа која игра во групата-1 е најдоминантна во просеци кога станува збор за постигнати и примени голови во однос на другите три тима лидери во другите три кадетски групи. На Ф-4 ќе обезбедат пласман само лидерите од групите. Во група-2 лидер е тимот на РШ КЛ 7 кој има во просек дадено 34,50, а прима во просек 24 гола по меч. Групата-3 за лидер по есенскиот дел го има тимот на РК Астраион, тие имаат постигнато во просек 31,70 погодок, примаат 25 по меч, но се лидери со еден пораз, односно немаат 100% ефект како нас. Во последната, група-4 на вровот е тимот на ГРК Охрид, охриѓани погодуваат 31 пат по одигран меч, во нивната мрежа завшуваат 20,60 гола во просек.
Табелата уште сега покажува дека ние сме патник на завршниот Ф-4 турнир, по есенскиот дел сме лидери со 18.бода. Тимовите зад нас “доцнат“ по пет бода на само шест одиграни кола. Екипите на РК Пролет и РК Алушовски дојдоа до 13.бода оваа ракометна кадетска есен.