Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Александар Бајевски повеќе не е спортски директор во ФК Вардар
Александар Бајевски повеќе не е спортски директор во ФК Вардар

Александар Бајевски повеќе не е спортски директор во ФК Вардар

Александар Бајевски повеќе нема да ја извршува функцијата на спортски директор во фудбалскиот клуб Вардар. На два дена пред одигрувањето на натпреварот од 3.коло во ПМФЛ против екипата на Воска, Бајевски на социјалните мрежи ја сподели веста, истакнувајќи дека и понатаму останува најголем навивач на Вардар.

Сакам да ја известам целата спортска јавност и армијата Вардарови навивачи дека од денес повеќе нема да ја извршувам функцијата спортски директор на Вардар. Благодарен сум на најголемиот спортски бренд во државата што ми даде шанса и доверба да го водам спортскиот дел на клубот изминативе две години. Чест ми е што бев тука кога беше најтешко и што бев дел од црвено-црното семејство кое со натчовечки напори успеа во “невозможната цел” да се врати таму каде што припаѓа. Се заблагодарувам на сите играчи, тренери и вработени во клубот со кои соработував. Никој никогаш нема да може да ја избрише нашата посветеност и приврзаност преку која заеднички поминувавме преку сите препреки кои ги имавме. Порака за навивачите да продолжат да бидат со и покрај клубот во добро и лошо. Вардар е еден и единствен! Од денес продолжувам да бидам најголем навивач на клубот во кој го поминав најголемиот дел од мојот живот. До следна прилика, во.некои подобри времиња…
НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ!❤️ стои во објавата на Бајевски.