Вардар стигна до втора победа на турнирот во Струга, откако беше подобар од тимот на Гуиф од Шведска, и на тој начин обезбеди пласман во големото финале.
Во првите седум минути од натпреварот гледавме игра гол за гол на двете страни. Три од четирите гола до тој момент за Вардар беа дело на Стефан Петриќ, а при резултат 4:5, избраниците на Недановски успеаа да направат серија од 3:0 и да поведат со 7:5. Следеше одговор на Гуиф кој го израмни резултатот на 8:8, а благодарение на одличниот Мартин Томовски на голот, Вардар полека почна резултатски да се одлепува. Со погодоците на Јагуриновски и Николиќ поведовме со 10:8, за до крајот на првиот дел водството да го зголемиме на 14:10. Николиќ беше прв стрелец кај нас со 4 гола, додека Петриќ имаше 3.
Со два последователни голови на Родригез, по само пет минути игра во вториот дел, Вардар имаше највисоки 12:18 предност. Во наредните минути, нашиот состав ја одржуваше предноста, кога Јагуриновски со својот четврти гол донесе водство од 15:21.Следеше период во кој, екипата на Гуиф успеа со три гола во серија да намали на 18:21, што беше знак за Недановски да побара минута одмор и да ги смири своите избраници. Благодарение на 14.одбрани на гостинскиот голман, тимот од Шведска успеа да го израмни резултатот на 22:22 по 49 минути игра, односно Гуиф направи серија од 7:1. Новата интервенција на Томовски, беше наградена од Карапалевски кој со својот прв гол донесе предност од 23:25. Вардар беше подобар во финишот и не дозволи изненадување, на крајот победа со резултат 26:28.
Петриќ постигна 7 гола, додека Николиќ имаше 5 гола, а Томовски стигна до 14 одбрани.