Вардар му даваше голови, а сега направи одличен трансфер во Рома. 28. годишниот шведски чувар на мрежата Робин Олсен, официјално потпиша договор со тимот од Рим во трансфер вреден 11,5 милиони евра.
Олсен е довчерашен голман на Копенхаген, тимот кој минатата година одигра двомеч со нашиот Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите. И на двата натпревари против нашиот тим Олсен беше помеѓу стативите, во Скопје прими гол од Балотели, a во Данска од Николов.