Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Викендов, РК Вардар своите тренинзи ќе ги одржи во салата “Автокоманда“
Викендов, РК Вардар своите тренинзи ќе ги одржи во салата “Автокоманда“

Викендов, РК Вардар своите тренинзи ќе ги одржи во салата “Автокоманда“

Мали технички проблеми се појавија во подготовките на црвено-црниот ракометен тим, истите лесно се надминати. Поради одржувањето на  кошаркарското Европското првенство М-18  (Б дивизија), и зафатеноста на салата при С.Ц  „Јане Сандански“ со тренинзи и натпревари за истото Вардарци немаа термин за своите подготовки.

Нашиот тим договорил со ривалот од Автокоманда, РК Металург два дена да ги користат услугите на нивната сала. Нашите момци ќе  одржат тренинзите на 28 и 29 јули. Избраниците на Перондо од понеделник се враќаат во СЦ„ Јане Сандански“, потоа ќе заминат на висински подготовки во Словенија. Тие петта година по ред ќе се подготвуваат во Крањска Гора, откаде ќе заминат да ги одиграат на турнирите во Германија и Франција.