Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците подобри од кадетите, на пријателски натпревар одигран во Аеродром
Младинците подобри од кадетите, на пријателски натпревар одигран во Аеродром

Младинците подобри од кадетите, на пријателски натпревар одигран во Аеродром

Во склоп на подготовките за новата натпреварувачка сезона, меѓусебен пријателски натпревар одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар. Подобри беа повозрасните родени “2000“ година, кои ги совладаа помладите, кои се генерациски родени “2001“ година.

Натпреварот се одигра на теренот во населбата Јане Сандански и заврши со резултат од 2:0. Се играа две полувремиња по 45 минута, а по првиот дел младинците предводени од Ане Андовски имаа водство од 1:0, откако резултатот го отвори со гол, Џемал Ибиши. Во второто полувреме уште еден гол во мрежата на кадетите, кој беше дело на стоперот, Марио Младеновски.

Ова беше последна подготовка за кадетите, пред заминувањето на турнирот во Фоча ( БИХ), каде од 27-29-ти јули ќе бидат дел од турнирот,  “Fudbal frends.