Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пред точно една година, Балотели ја “стресе арената “Филип Втори„ Вардар го победи Копенхаген
Пред точно една година, Балотели ја “стресе арената “Филип Втори„ Вардар го победи Копенхаген

Пред точно една година, Балотели ја “стресе арената “Филип Втори„ Вардар го победи Копенхаген

На денешен ден пред една година, Вардар направи нов голем подвиг и на арената “Филип Втори“ успеа да го совлада шампионот на Данска, тимот на Копенхаген. Ова беше прв натпревар во рамките на 3. квалификационо коло од Лигата на Шампионите.

Љубителите на фудбалот и вардаровите навивачи имаа можност да гледаат одличен меч на својот миленик. Вардар славеше минимално 1:0, со голот на Џонатан Балотели и на тој начин со предност од еден гол отпатува на реваншот во Данска, кој за жал го загубивме со резултат 4:1, иако и на тој дуел покажавме голема борбеност. Единствениот гол на тој дуел го постигна Бобан Николов.

Составот кој настапи во триумфот против Копенхаген: Гачевски, Хамбарџумјан, Демири, Грнчаров, Новак, Спировски, Николов, Блажевски, Фелипе, Барсегјан, Балотели. Во игра влегоа уште Којашевиќ, Брдаровски и Глигоров.

Од клупатга бевме предводени од тренерот, Гоце Седлоски. Иако не успеавме да ја поминеме екипата на Копенхаген, истава сезона успеавме да обезбедиме историски пласман во Лигата на Европа, со елиминацијата на еден од најголемите турски гиганти, екипата на Фенербахче.