Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Дури 22 тима земаа учество во првата сезона од младинската кошаркарска лига “Вардар“
Дури 22 тима земаа учество во првата сезона од младинската кошаркарска лига “Вардар“

Дури 22 тима земаа учество во првата сезона од младинската кошаркарска лига “Вардар“

     Кошаркарскиот клуб Вардар оваа сезона успешно ја реализираше првата сезона од младинската кошаркарска лига “Вардар“. Овој проект е одлично осмислен и беше перфектно реализиран. Во новата сезона не очекува втората сезона од истата.

Цел на лигата е сите деца кои тренираат во кошаркарските клубови, а не се натпреваруваат во официјалната МКФ лига да одиграат што повеќе натпревари, да се поттикне нивниот талент, да се здобијат со играчко искуство, да се зголеми натпреварувачкиот дух, да се научат на тимска игра и фер плеј, да се научат од мали да ги почитуваат судиските одлуки. Вкупно 22 два тима во три категории учествуваа во првата сезона од црвено-црната кошаркарска лига.

Екипите беа поделени во три категории, во генерација родени 2001 година имавме четири тима, во најмасовната генерација родени 2003 имаше дури десет екипи, а кај најмалите генерација 2005 осум екипи учествуаа во првата сезона. Фотографии од екипите и нивните имиња може да погледнете ОВДЕ