Во текот на утрешниот ден, кадетите на ФК Вардар заминуваат за БИХ, каде од петок до недела ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во градот Фоча. Покрај црвено-црните учесници се и екипите на Марибор ( Словенија), Црвена Ѕвезда ( Србија), Будуќност ( Црна Гора), Железничар ( Бих), бранителот на трофејот од минатата година, тимот на Ријека од Хрватска, а за прв пат откако се организира овој турнир, ќе настапи и екипа од Азија, се работи за кинескиот суперлигаш, Tjendžin TEDA.
Тренерот Златко Таневски се определи со кои играчи ќе замине на турнирот во Фоча.
ФК Вардар: Матеј Андов, Матеј Величковски, Берат Зендели, Дамјан Бојковски, Филип Манасиевски, Виктор Мирчевски, Теодор Мирчевски, Божидар Митревски, Александар Ѓурковски, Алдин Цури, Христијан Миленковски, Филип Андоновски, Малик Хасановиќ, Леонид Игнатов, Хиџрет Рушити, Давид Ристовски и Дамјан Божиновски.
На првиот ден на отварањето во четвртфиналните мечеви ќе се сретнат Будуќност- Ријека ( 16:00), Вардар-Марибор ( 17:30), Сутјеска – Tjandžin Kvanžan (19:30) и од 21:00 часот ќе играат Железничар и Црвена Ѕвезда. Во сабота ќе се одиграат полуфиналните мечеви, каде ќе настапат екипите кои ќе победат, како и мечеви од поразените дуели. Во недела на програмата ќе бидат натпреварите за седмото, петтото, треттото место и големото финале. Вардар може да се пофали дека има еден трофеј откако се одржува овој турнир, а на два пати шампиони биле Ријека, Црвена Ѕвезда, Њукасл и Будуќност.