Вардар и на вториот пролетен натпревар ќе настапи без својот напаѓач од Бразил. Боарето Балотели го пропушта и вториот пролетен натпревар поради повреда добиена уште на пријателските натпревари во Анталија.
Вардарци во моментов во ростерот имаат само еден класичен напаѓач, но и тој не е подготвен за игра, па така и на неделниот дерби натпревар се очекува најистурен играч да биде Тигран Барсегјан, кој добро се снаоѓа и на таа позиција.