Ракометната Вардар Јуниор лигата веќе зад себе има го има седмото коло реализирано од втората сезона. Лигата лани беше вистинско доживување за младите ракометари кој од многуте вардарови школи земаа учество во истата. Сезонава повторно почна лигата, истата сега е нормално далеку подобро организирана со собраното искуство од премиерната. Дури 650 дечиња се дел од оваа лига, голем број школи земаат учество во истата. Во следниот текст ве запознаваме со младиот Виктор Милошевски, член на екипата на РК Преспа Вардар која со успех се натпреварува во црвено-црниот голем ракометен проект.
-Случката се случи пред една година кога решив дека повеќе ме влече ракометот и така одлучив да се занимавам со овој спорт. Нашата школа РК Преспа функционира на одлично ниво, каде нашиот тренер Иван Ангелковски не учи многу работи за ракометот. Покрај таков човек учиме брзо и евидентен е напредокот на сите деца во тимот и на самиот тим.
Впечатоците од Јуниор лигата се позитивни, а покрај надигрувањето тука е се пријателствата со школите од цела Македонија.
-Јуниор лигата има големо значење за нас како школа и воопшто за Македонскиот ракомет. Преку овој проект освен што можеме да ги истакнеме нашите способности во ракометот, се стекнуваме и со многу пријателства и дружба со другите играчи. Тоа е од големо значење за нас бидејќи не е важен само натпреварувачкиот дух на проектот туку и пријателската страна. Нашите резултати во ова натпреварување се повеќе од добри, тоа се гледа по успесите кои ги постигнуваме во рамките на “Јуниор“ лигата.
Единствената можност за настап во младинските екипи на РК Вардар, ја имаат само преку настапите во “Јуниор“ лигата.
-Желба на секој ракометар е преку настапите во лигата еден ден да бидеме избрани во селекцијата за избор на играчи кои можат да настапуваат за младинските екипи на ракомениот клуб Вардар. Се надевам дека еден ден ќе ја имам таа можност.
РК Преспа од Ресен го освои првото место на зимскиот турнир кај генерацијата родени “2002/03. Тие во големото финале убедливо ја совлада екипата на РК Шампион и на тој начин го освоија златниот медал во оваа генерација.
-На турниорот “Вардар, еден живот една љубов“ нашата екипа го освои првото место во генерацијата 2002/03. Задоволен сум од прикажаната игра и резултатите на овој турнир. Очекувањата наши беше да бидеме први. што на крај се покажа како остварливо. Морам да напоменам дека организацијата беше беспрекорна и на највисоко можно ниво. Уживавме за тие два дена, колку и се играше турнирот во нашата генерација.
Звонко Ивановски