Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Барсегјан: Се надеваме дека тој резултат кој го остваривме ќе биде доволен да одиме во следната фаза и да ги израдуваме сите кои навиваат за нас
Барсегјан: Се надеваме дека тој резултат кој го остваривме ќе биде доволен да одиме во следната фаза и да ги израдуваме сите кои навиваат за нас

Барсегјан: Се надеваме дека тој резултат кој го остваривме ќе биде доволен да одиме во следната фаза и да ги израдуваме сите кои навиваат за нас

Вардар со предност од 2:0 патува на реваншот во Истанбул, каде го очекува дуел против екипата на Фенербахче, во рамките на плејофот од лигата на Европа. Стрелец на еден од головите беше Тигран Барсегјан и тоа оној водечки во првото полувреме. Ерменскиот репрезентативец вели дека неговиот тим има добар резултат, но истиот не  е сигурен за пласман во групната фаза од лигата на Европа.

-Резултатот од првиот натпревар е добар, но не е гаранција дека сигурно ќе поминеме понатаму. Имаме шанса да направиме нешто големо, и ќе дадеме се од себе за поволен резултат на реваншот против Фенербахче. Мораме да бидеме концентрирани во текот на целиот натпревар. Играме против еден голем тим кој што има одлични играчи во своите редови. Меѓутоа на првиот меч и на претходните натпревари покажавме дека ако функционираме како тим, можеме да победиме секого. Секако дека мене ми е драго што постигнав гол на првиот натпревар, и нормално посакувам да биде така и на реваншот, но во преден план е Вардар да излезе како севкупен победник. Се надеваме дека тој резултат кој го остваривме ќе биде доволен да одиме во следната фаза и да ги израдуваме сите кои навиваат за нас и нè поддржуваат“,