Противникот на Вардар, тимот на Фенербахче се соочува со проблеми пред утрешниот дуел. Турските медиуми тврдат дека Холанѓанецот Робин Ван Перси “закачил” грип и нема да може да настапи ниту на реваншот. Ова значи дека повторно во нападот ќе добие шанса Солдадо кој сеуште не е воигран во новиот тим.
Од друга страна, уште еден Холанѓанец нема да настапи против Вардар, станува збор за Грегори ван дер Вил. Овој играч направи трансфер во редовите на Каљари. Поради црвен картон нема да може да настапи ниту Соуза.