Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Самсоненко им порачал на Европските шампиони: Фокусирајте се комплетно во одбрана на титулата, сезонава останувам во Вардар
Самсоненко им порачал на Европските шампиони: Фокусирајте се комплетно во одбрана на титулата, сезонава останувам во Вардар

Самсоненко им порачал на Европските шампиони: Фокусирајте се комплетно во одбрана на титулата, сезонава останувам во Вардар

Според информациите кои излегоа на ракометниот медиум 24Ракомет, сопственикот на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко со сигурност останува во Вардар и во оваа натпреварувачка сезона. Како што пренесува ракометниот портал, Самсоненко имал состанок со играчите и стручниот штаб на РК Вардар пред заминувањето за Доха, каде црвено-црните ќе настапат на “Супер Глоуб куп“, или неофицијалното светско клупско првенство. Тој им ветил на играчите дека останува во клубот оваа сезона и им напоменал дека треба да се фокусираат на настапите кои им следуваат, а првиот предизвик е токму споменатото натпреварување, каде Вардар ќе се обиде да ја освои и светската титула, единствената која недостасува во витрините на клубот и да ја комплетира бројката од пет освоени трофеи во сите натпреварувања каде играа Вардарци.

Вардар има за цел оваа сезона да ги одбрани сите освоени трофеи, а во тоа ќе успеат само ако бидат максимално сконцетрирани и подготвени за време на тренинзите и натпреварите. Токму со таква цел, сопственикот на клубот им дал до знаење дека мора да дадат се од себе за да се одбрани Европската титула, а конечната одлука околу неговото останување во клубот сеуште ја нема донесено, така известуваат од ракометниот портал, 24Ракомет.

Утрово екипата замина за Доха, каде во периодот од 25-28-ми август ќе биде дел од “Супер Глоуб купот“. Во четврфиналето, избраниците на Раул Гонзалес за противник го добија тимот на Нафт-О-Гашаран. Овој дуел се игра во петок, со почеток од 14 часот.