Нема дилеми, најдобриот играч на Вардар и стрелец во овој момент Тигран Барсегјан, останува во црвено – црниот табор најмалку до нова година.
Но, иако остана Барсегјан, сепак, Вардар има големи потешкотии да стигне до добра игра и една сигурна победа на стартот од новиот шампионат. Верувале или не, Вардар вчера против Беласица упати само еден единствен удар во рамките од голот на Вујанац и тој заврши во мрежата на противникот.
Јасно се увидува, Вардар најпрвин нема среден ред кој ќе креира акција за гол и ќе држи топка. Новајлиите Мицевски и Јуфо играат под својот просек во овој момент. Можеби веќе од следниот дуел Васоски треба да му даде шанса на младиот Али Адем, кој овој викенд одигра одличен дуел за младинците на Вардар.
Покрај Адем, шанса треба да добие и Најдовски кој минатата сезона во ПМФЛ беше стрелец на седум гола за екипата на Победа.