Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Барсегјан: Нормално, среќен сум за голот како и за секој друг кога ќе биде победнички
Барсегјан: Нормално, среќен сум за голот како и за секој друг кога ќе биде победнички

Барсегјан: Нормално, среќен сум за голот како и за секој друг кога ќе биде победнички

Тигран Барсегјан со својот гол донесе многу значаен триумф вчера во Тетово кај тимот на Ренова. Ерменецот  ги искажа своите импресии по одиграниот натпревари и за дуелите кои му престојат на нашиот тим во Купот на Македонија и в недела на домашен терен во рамките на третото коло.

„Нормално, среќен сум за голот како и за секој друг кога ќе биде победнички. Меѓутоа сакам да истакнам дека оваа победа е на тимот. Целата екипа многу се трудеше за оваа победа, и на крајот дојде и тој погодок. Сите сме заслужни за овој триумф. Мислам дека бевме подобри од противникот, иако во одредени делови имавме мали проблеми со играта. Но, верувавме до крај дека можеме да стигнеме до трите бода, и среќен сум што на крајот успеавме“, рече Барсегјан.

„Немаме многу време за славење. Од денеска па натаму се вртиме веќе кон следните предизвици. Најпрво натпревар од Купот а потоа нов првенствен тежок натпревар. Сите мечеви се тешки, и ако не дадеме се од себе, ќе имаме проблеми. За да не се случи тоа, очекувам уште еднаш на сите натпревари да пружиме максимум без разлика на противникот, и да победуваме“, изјави ерменскиот интернационалец.