Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски: Одлучен сум, ќе трчам маратон
Атлетика! Завировски: Одлучен сум,  ќе трчам маратон

Атлетика! Завировски: Одлучен сум, ќе трчам маратон

 Атлетичарот на АК Вардар,  Петре Завировски долг период е надвор од патеката поради повреда. Сега е во процес на рехабилитација со лесни тренинзи. Пред него сега претстои период за враќање на нивото на кое што беше. Ако се земе во предвид дека за да се истрча маратон потребни се најмалку 6 месеци подготовка. Тогаш пред Завировски претстои долг период на подготовка.

Може следната сезона да го очекуваме на 42 километарската пеколна делница која е најтешка олимписка дисциплина и претставува врв на олимпизмот и човештвото. Завировски Петре вели:

Долг период сум надвор од тренинг. Има и такви периоди во кариерата кои мора да се надминат колку и да се тешки за секој спортист. Сега сум одново на почеток, имам само лесни тренинзи. Ќе биде навистина тешко. Но, сум силно одлучен и ќе трчам маратонска трка. Јас ветувам дека ќе дадам с`е од себе. Сакам да ви се заблагодарам на сите за поддршката- завршува младиот црвено-црн атлетичар.