Играчот на Вардар, Тигран Барсегјан, ја спаси својата репрезентација откако вечерва со неговиот гол во 76. минута донесе предност од 2:1, а на крајoт и со овој резултат заврши дуелот и Ерменија запиша тешки три бода против Лихтенштајн.
Барсегјан во игра влезе во 55. минута и потребни му беа само 20. минути да постигне гол. Инаку, Ерменија е токму следниот противник на Македонија во Лигата на нации. Овој дуел ќе биде одигран в недела, а Барсегјан со денешниот гол сигурно ќе биде помеѓу стартерите.
Нашата селекција пак, за нешто помалку од 45. минути го започнува натпреварот во Гибралтар.