Новиот тим на ЖРК Вардар кој во новата сезона ќе се натпреварува во супер лигата, во сабота ја стартува натпреварувачката сезона. Екипата која од клупата ќе биде предводена од Симовски Пецевска и Царчев на премиерниот дуел ја пречекува екипата на Куманово.
Дуелот ќе се одигра во сабота во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански, со почеток од 14:30 часот. Како што е познато екипата ја сочинуваат ракометарки кои се генерациски родени “2002„ година, и кои минатата сезон беа дел од младинските категории на клубот. Ова ќе биде голем предизвик за новиот Вардар, кој ќе се обиде да им парира на повозрасните и поискусни екипи. Лигата ќе брои десет екипи, а дебитанти ќе бидат Спартак и Цемс.
Дојдете во сабота, во малата сала на С.Ц. Јане Сандански да им дадеме поддршка на младите вардарки. Ова е составот на Вардар.
Голмани: Симона Грујовска, Јована Трајкоска, Андреа Илиќ.
Бекови: Милица Николиќ, Андреа Седлоска, Ана Марија Коларовска, Марија Гоцевска, Марија Галевска, Ангела Костовиќ, Ангела Гроздановска, Теодора Ѓошевска, Теодора Стаменкова.
Пикери: Катерина Дамјаноска, Ивана Џатевска.
Крила: Бојана Диневска, Ивона Трпевска, Кети Ангеловска, Сара Миновска, Стефанија Ѓоргиевска, Мирјана Петковска, Ива Јаковчевска.