Македонската фудбалска репрезентација до 19 години се наоѓа на турнир во Латвија, каде денес го одигра првиот натревар. Младите надежи кои ги предводи Горан Станковски ја совладаа селекцијата на Латвија, со резултат од 1:2
Во стартниот состав на овој натпревар се најдоа и пет играчи од Вардар. Се работи за голманот, Методија Велковски, потоа Јакуп Бериша, Алекс Талески, Стефан Наумчески и Филип Антовски. Инаку двата голови на овој дуел ги постигна Бојан Колевски, играч на Вардар, кој оваа сезона е позајмен на екипата на Борец од Велес. Во игра во вториот дел влезе и Али Адем.
На турнирот ќе одиграме уште два натпревари, во сабота против Украина, додека во понеделник силите ќе ги одмериме против Фарски Острови.