Тигран Барсегјан, екс фудбалерот на Вардар, пронајде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Казахстан. Станува збор за Каисар, екипа која се натпреварува во најдобрата лига на оваа земја.
Ерменскиот „Хулк“ иако имаше понуди од Кипар, Хрватска, па дури и Шкендија, се одлучи да настапува во лигата каде од Вардар замина и Хуан Фелипе.
Му посакуваме среќа на Барсегјан во новиот тим.