Во фитнес центарот “CYBEX“ што е дел од Спортскиот центар “Јане Сандански“ , врвната фитнес-инструкторка Марија Лојаница работи со повредените момци од ракометниот тим. Таа постави видеа од тренинзите нејзини со тројцата вардарови првотимци кои се рехабилитираат по операционите зафати изминатата година. Станува збор за рускиот бек, Сергеј Горбок, бразилскиот пикер Фереира Мораеш и “црнагорскиот бомбардер“ Вуко Борозан.
*Видеата од овие тројца момци може да ги погледнете во продолжение ОВДЕ!