Вардарци во недела ќе го играат третото коло од првата македонска фудбалска лига, тие гостуваат кај прилепска ФК Победа. Овој дуел поради градежните работи кој се во тек на нивниот матичен стадион “Гоце Делчев“ во Прилиеп екипата на Победа ќе го игра во соседниот град Битола, на Градски стадион Под Тумбе Кафе.
Фудбалската федерација ја делегираше судиската тројка за овој дуел, главен судија ќе биде Бартон Јосип од Скопје. На него во арбитрирањето ќе му помагаат Ѓорѓијевски Небојша (Брвеница) и Јовчевски Дарко (Тетово). Четврти судија на овој дуел ќе биде битолчанецот Митревски Тони , а делегат на дуелот е Чубриновски Златко (Скопје). Мечот е закажан за на 21 август, недела со почеток во 16часот и 30минути. По првите две кола со освени четири од можни шест бода црвено-црните се на третата позиција, а домаќинот кој е повратник во прволигашкото друштво по подолг период се наоѓа на дното од табелата одкако забележа два неуспеха во воведните две кола. Вардар е фаворит и се очекува истото да го прикаже на теренот во Битола.