Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бартон ќе ја дели правдата на мечот Вардар – Младост Ц.Д во Ѓорче
Бартон ќе ја дели правдата на мечот Вардар – Младост Ц.Д во Ѓорче

Бартон ќе ја дели правдата на мечот Вардар – Младост Ц.Д во Ѓорче

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата во третото коло од ПМФЛ . На мечот во Ѓорче помеѓу нашиот ФК Вардар и новајлијата во најквалитетното друшто ФК Младост од Царев Двор, за главен судија е делегиран  Бартон Јосип од Тетово.

Дуелот  е закажан во недела (23 Август) со почеток во 16 часот и 30 минути  . Помошници на Бартон на овој дуел се Емурли Иса и Латифи Насуф исто така од Тетово .  Вардар влегува во дуелот како апсолутен фаворит и таа улога мора да ја оправда на зелениот терен, иако за жал алтернативниот стадион на кој ќе се игра мечот дава далеку полоши услови за игра од Арената Филип втори каде сме домаќини . За илустрација во кладилниците типот за победа на црвено – црните е оценета со низок коефициент од 1,10-1,15 во зависност од спортските обложувалници.