Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Според ЕХФ, меч на неделата во 4 коло од ЛШ ќе биде помеѓу Вардар и Рајн-Некар
Според ЕХФ, меч на неделата во 4 коло од ЛШ ќе биде помеѓу Вардар и Рајн-Некар

Според ЕХФ, меч на неделата во 4 коло од ЛШ ќе биде помеѓу Вардар и Рајн-Некар

ЕХФ веќе ги одреди натпреварите од првите шест кола во лигата на шампионите, кои ќе бидат меч на неделата. Во четвртото коло, најпривлечен дуел според ЕХФ ќе биде оној во С.Ц. Јане Сандански помеѓу нашиот шампион и бундес лигашот, Рајн-Некар Левен. Директен пренос од овој натпревар ќе врши ЕХФ ТВ. Со истиов противник имавме можност да играме и минатата сезона, кога на два пати ги надигравме. Послатка беше победата издвојувана во Германија, со која тогаш го потврдивме второто место во групата. Убедливо славевме на тоа гостување, со резултат 35:28. Во Скопје во една одлична атмосфера од трибините, забележавме триумф од 28:25. Тоа беше третатата последователна победа во групната фаза, од исто толку одиграни кола.

Ова се мечевите од првите шест кола кои ќе бидат во центарот на внимание од ЕХФ.

1. коло (20.09) Рајн-Некар Левен – Барселона
2. коло, (26.09) Веспрем – Фленсбург
3. коло: (04.10) Монпелје – Колдинг
4. коло, (11.10) Вардар – Рајн-Некар Левен
5. коло, (17.10) Киелце – Барселона
6, коло, (25.10) ПСЖ – Веспрем