Со градското дерби помеѓу Вардар и Работнички ќе започне новата првенствена сезона во младинските категории. Пионерите се домаќини на своите врсници од Работнички, каде ќе се обидат да ја започнат лигата со победа. Мечот ќе се одигра во сабота со почеток од 12 часот, на теренот на Локомотива. Припремите пред почетокот на сезоната беа долги, со одигрување на неколку пријателски натпревари. Капитенот на црвено-црните Елвир Рамиќ најавува освојување на трите бода од овој дуел.
-Задоволен сум од тоа како поминаа подготовките и од одиграните мечеви пред почетокот на новата сезона. За градското дерби со Работнички очекуваме само победа. Противникот нема да го потцениме, но на терен ќе излеземе со цел да освоиме три бода. Екипата на Работнички ја познаваме доволно од минатата сезона, имаат поединци добри што знаат да изненадат, изјави капитенот Рамиќ за Вардарфанс.
Звонко Ивановски