Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Јакуп Бериша: Задоволен сум од мојот придонес и постигнатите три голови, но сепак најбитно ми е што тимот победува и игра добро
Јакуп Бериша: Задоволен сум од мојот придонес и постигнатите три голови, но сепак најбитно ми е што тимот победува и игра добро

Јакуп Бериша: Задоволен сум од мојот придонес и постигнатите три голови, но сепак најбитно ми е што тимот победува и игра добро

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до својата шестта првенствена победа. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски славеа на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П, со резултат 1:5 и на тој начин останаа во борбата за титулата. Хет-трик на овој дуел постигна Јакуп Бериша кој за нашиот сајт ги пренесе впечатоците од победата против Ѓорче.

-Знаевме дека нема лесен натпревар и затоа влеговме максимално подготвени уште од првата минута. Мислам дека доминиравме на дуелот со Македонија Ѓ.П, а тоа го покажува и самиот конечен резултат. Овие бодови ни беа многу важни и самиот натпревар, како подготовка за куп натпреварот против екипата на Шкендија, кој е закажан за во среда. Задоволен сум од прикажаната игра на моите соиграчи и од постигнатиот резултат, играме пред се самоуверено и многу офанзивен фудбал.

Бериша ги пропушти првите шест натпревари во лигата поради повреда, а првите голови во новата сезона ги постигна во минатото коло против екипата на Милано и тоа два зад неговот име со овие три, вкупно пет за Јакуп на последните два меча за Вардар.

-Среќен сум што се вратив на теренот после два месеци пауза поради повреда. Постигнувам голови и помагам на мојата екипа да освојува бодови. Сакам да се заблагодарам на стручниот штаб за укажаната доверба. Задоволен сум од мојот придонес и постигнатите три голови, но сепак најбитно ми е што тимот победува и игра добро. Секогаш Вардар атакува на двојната круна и ние ќе направиме така да биде на крајот од сезоната.

Звонко Ивановски