Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Балотели ќе недостасува попладнево
Балотели ќе недостасува попладнево

Балотели ќе недостасува попладнево

Вардарци попладнево ќе настапат без својот напаѓач Џонатан Балотели. Балотели се здоби со повреда уште на пријателските натпревари во Анталија. Иако повредата не е сериозна, сепак, Балотели ќе мора да го прескокне овој денешен натпревар. Исто така во екипата ќе недостасува и Дарко Глишиќ кој исто така има мала повреда.

Се очекува денешниот напад да го предводи Тигран Барсегјан. Можниот состав за денешниот натпревар изгледа вака: Гачевски, Демири, Грнчаров, Попов, Хамбарџумјан, Глигоров, Велковски, Фелипе, Џигаури (Блажевски), Којашевиќ и Барсегјан.