Денес во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“ продолжија мечевите од првото пролетно, односно 7.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Први два дуела се одиграа кај момците во генерација родени 2004 и 2005 година. Триумфи забележаа екипите на РК Бисинов и ГРК Гостивар.
Во првиот меч се сретнаа момците на РК Бисинов и Општина Кисела Вода. Победа однесе екипата на РК Бисинов со 18-6. Први на почетокот екипата од Велес поведе со 2-0, потоа момците од Кисела Вода намалија на 2-1, а за кратко направија целосен пресврт и го преземаа водството со 2-3. РК Бисинов не беше расположен да биде надигран ја подобри одбраната влезе во серија, со одлична игра прават 4-0 и поведуват со “плус три“ 6-3 на средината од првиот дел. До крајот се играше помалку ефикасно двата тима постигнаа само по два гола и на одмор се отиде со резултат 8-5 во корис на велешани.
Вториот дел почна со одлична игра на момците од Велес, тие отворија со 4-0 во почетните пет минути и најавија триумф поведувајќи со 12-5. Кисела Вода имаше далеку послаб втор дел за разлика од првиот намали на 12-6 со првиот гол дури во 6.минута кој подоцна се покажа дека е е последен за нив во вториот период. До крајот велешани погодија уште шест пати, а ниту еднаш не примија гол триумфирајќи со високи 18-6. Кај нив прв стрелец беше Стојанов со 6 гола, кај поразените Велјановски постигна 4 гола.
Во вториот меч победа за ГРК Гостивар Вардар над екипата на РК Урдарески Вардар со 15-12. Први со гол мечот го отворија гостиварчани кои поведоа со 0-1 во 1 минута. За кратко тие отидоа на комотни 0-3 по само две минути ракомет во “Јане Сандански“. Потоа се играше се до средината на првиот дел игра гол за гол, двата тима постигнаа по три гола, сепак гостиварчани водеа “плус три“ 3-6. Втората половина на првиот дел им припадна на момците од Скопје, тие заиграа поангажирано во одбраната правејќи серија 3-1 и на одмор отидоа со минимална негатива од 6-7.
Вториот дел започна со по еден гол на двете страни по две минути игра резултатот беше 7-8 за Гостивар. Гостивар тргна поофанизвно правејќи серија 1-4 успеаа да се одлепи на четири позитива 8-12 на средината од вториот период. Во продолжение двата тима се бореа на теренот машки паѓаа голови на двете страни, но сето тоа одеше во прилог на Гостивар кој го оддржуваше водството. Тие триумфираа со резултат 12-15. Кај победникот Стојковски Давор постигна 5 гола, а кај поразените одличен беше Благоја Петковски со 8 гола.