Тренерот на Вардар Бобан Бабунски се соочува со проблеми во средниот ред на својот тим поради неиграње на двајца клучни играчи.
Откако Виктор Нилдо Јуфо се повреди на последниот пријателски дуел во Словенија и јасно беше дека нема да може да помогне на првиот дуел во Ереван, сега се јавија и нови проблеми.
Покрај него, во средината ќе отсуствува уште еден стандарден играч. Камерунецот Кларенс Битанг нема да може да и помогне на својата екипа во четврток поради тоа што не доби ерменска виза. И двајцата ќе бидат подготвени само за реваншот во Скопје.
Од друга страна, Лира, Херанц и Манев се пријавени и ќе патуваат за Ереван.