Камерунецот Кларенс Жуниор Битанг сепак ќе може да патува во Ереван и да настапи на првиот натпревар против Пјуник.
Ова е одлична вест ако се земе предвид дека Битанг прераснува во еден од лидерите во средниот ред на нашиот тим. Во овој момент, само Јуфо е под знак прашалник бидејќи како што е познато доби повреда уште на контролите во Словенија.
Целиот список на пријавени играчи за овој двомеч, би требало да излезе на официјалниот сајт на УЕФА до вечерва.