Градското дерби заврши без победник, откако попладнево Вардар и Работнички си поделија по еден бод. И двете екипи имаа свој шанси за погодок и веројатна победа, но на крајот мрежите мируваа.
Вардар и Работнички одиграа прво полувреме без многу шанси, цврсто и без голови. Се чекаше 16.минута за првото возбудување денес. Цветаноски во соло продор биеше од 20-сетина метри само покрај голот на гостинот. Цветаноски се закани уште еднаш по голот на противникот, исто така во соло продор, но овој пат биеше над голот на Јанков и остана 0:0. По едно невнимание, противникот можеше да дојде и до предност, но сепак Илиќ беше внимателен и го скроти ударот на противничкиот напаѓач и остана 0:0. Вардар ја имаше топката повеќе во свој посед, но освен преку Цветаноски немаше некој шанси за промена на резултатот.
Второто полувреме за разлика од првото се одигра со повеќе шанси на двете страни. Вардар тргна напаѓачки од самиот старт на второто полувреме. За одбележување беше уште една шанса на Цветаноски, кои повторно не ја искористи, откако одбра погрешна страна. Филип Петовски во последната третина од дуелот исто така имаше голема шанса по супер центаршут на Попзлатанов, но биеше со глава само покрај голот на Јанков. Вардар во последните мигови од дуелот пропушти и уште една добра шанса за гол. Блажевски нафрли од корнер, топката се одби на 20-сетина метри, а Најденов биеше сантиметри покрај голот на противникот и пропадна и оваа шанса за гол и промена на резултатот.