Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Две победи за пионерите на ФК Вардар на гостувањата кај Њу Старс
Две победи за пионерите на ФК Вардар на гостувањата кај Њу Старс

Две победи за пионерите на ФК Вардар на гостувањата кај Њу Старс

Двете пионерски екипи на ФК Вардар денес гостуваа кај Њу Старс и додјдоа до две победи, освојувајќи шест бода. Помладите пионери на црвено-црните дојдоа до победа со „петарда“ ние триумфиравме на ова гостување со високи 0-5. За нас дуелот го започнаа:

52.Филевски Никола
2.Фидановски Зоран
4.Здравковски Симеон
5Стојилевски Марко
7.Јовановски Филип
8.Спасиќ Тино
10.Цветков Горјан
11.Курти Арбин
15.Таневски Кристијан
17.Кузмановски Михаил
22. Дошев Ѓорѓи

Првиот дел го добивме со два гола предност, најпрвин поведовме доста рано преку Спасиќ Тино. Тој во 8минута стрелаше за почетни 0-1. Ние атакувавме на зголемување на предноста, успеавме истата да ја удвоиме во 17.минута. За нас погоди Кузмановски Михаил со чии гол поведовме со 0-2, резултат кој се покажа како конечен за првиот дел.
Во вториот период по само три минути Курти Арбин стрелаше за високи 0-3. Домаќинот во 52.минута си постигна автогол, за да ни дозволи да ја удвоиме предноста која ја имавме по 45.минути фудбал. Со неговиот втор гол во вториот дел Курти Арбин, во 63.минута ги постави конечните 0-5. Вардар одигра подобро од домаќинот во сите аспекти на фудбалската игра на денешниот меч.

Играа уште: Кулуковски Влатко, Ристовски Стефан, Цикарски Дамјан, Јакимовски Лука и Уневски Никола.

Пионерите на ФК Вардар дојдоа до победа со резултат 0-2 на гостувањето кај истиот ривал. За нас овој напревар го започнаа:

12.Ангелов Наум
2.Каровски Сандро
3.Ричков Марио
4..Јаневски Игор
5.Милошевски Максим
6.Љушев Давид
7.Стојановски Стефан
8.Хајдари Исмет
9..Ибраим Левент
10.Здравковски Огнен
11.Перковски Теодор
Ние постигнавме по еден гол во двете полувремиња доволни за нови три бода на црвено-црните пионери. Во 10.минута погоди Здравковски Огнен за почетни 0-1, резултат кој се покажа како конечен за првите 45.минути на ова наше гостување во Ѓорче Петров.
Во вториот дел тргнавме веднаш да погодиме уште еднаш со цел да ја удвоиме предноста и да ја осигураме победата на овој напревар. Тоа ни успеа во на пет минути до крајот, топката дојде до нововлезениот Стоимов Димитар кој погоди за 0-2, резултат со кој дојдовме до гостинска радост.