Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Без капитенот Грнчаров и на дербито во Битола, против Пелистер
Без капитенот Грнчаров и на дербито во Битола, против Пелистер

Без капитенот Грнчаров и на дербито во Битола, против Пелистер

Капитенот на фудбалскиот клуб Вардар, Бобан Грнчаров доби дополнителна казна од уште еден натпревар надвор од терените. Дисциплинската комисија на ФФМ се реши да му даде два натпревари неиграње на нашиот капитен поради црвениот картон добиен на дуелот со Скопје, од кој еден меч веќе го одбрати против екипата на Ренова. Така црвено-црните ќе бидат без својот капитен на гостувањето во Битола, во дербито против екипата на Пелистер.

Јаневски повторно ќе биде на “слатки“ маки околу составувањето на стоперската позиција. На дуелот со Ренова, таа задача ја имаа Муслиу и Попов. Ќе видиме дали истите ќе стартуваат и на натпреварот против Пелистер.