Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов стартува сезоната за три младински екипи на РК Вардар
Викендов стартува сезоната за три младински екипи на РК Вардар

Викендов стартува сезоната за три младински екипи на РК Вардар

Три младински екипи на ракометниот клуб Вардар претстојниов викенд ќе ја стартуваат новата сезона. Двете пионерски машки екипи, како и женската кадетска екипа ќе го одиграат своето прво првенствено коло.

Оваа сезона во пионерската лига ќе се натпреваруваме со две екипи. Тоа е РК Вардар кој е предводен од Андријана Будимир, генерација родени 2002/03 година и дебитантите во лигата, РК Вардар Јуниор под водство на Зоран Петковски. Тоа е всушност нова генерација на ракометниот клуб Вардар, составена од ракометари родени 2004/05 година, чија примарна цел оваа сезона ќе биде да собира искуство преку натпреварите и да ја пронајде вистинската екипа, чиј израз треба да дојде веќе од наредната година. Распоредот на одигрување натпревари за пионерскиве екипи е следниов:

РК Вардар – Куманово сабота ( С.Р.Ц. Кале 13:00)

РК Вардар Јуниор – Бисинов Вардар сабота  ( С.Р.Ц. Кале  15:00)

Својот премиерен натпревар во новата сезона ќе го имаат и кадетките на Вардар, односна тоа е истата генерација која минатата сезона стана шампион на Македонија во пионерската лига. Тренерскиот тандем останува ист, а тоа е Драгана Пецевска и Билјана Пецевска. Во првото коло, Вардарки гостуваат во Неготино, на екипата на Вардар – Неготино, натпревар кој се игра во недела со почеток од 16-30 часот.