Шампионот на Македонија екипата на ФК Вардар на дерби натпреварот против ФК Шкендија во недела нема да може да смета на услугите на ерменскиот играч и интернационалец Хофханес Хамбарџумјан. Популарниот Хоф доби два жолти картони, односно црвен на минатиот дуел во Кратово, па така доби суспензија од еден натпревар неиграње.
Но ова не е никакво оправдуање во играта на црвено – црните, Вардар има квалитетни бекови и играчи кои би можеле одлично да одиграат на таа позиција.
Одиме во недела на три бода, напред Вардар!