Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Кристиан Ристовски: Бевме надмоќни на сите позиции во текот на целиот натпревар
Кристиан Ристовски: Бевме надмоќни на сите позиции во текот на целиот натпревар

Кристиан Ристовски: Бевме надмоќни на сите позиции во текот на целиот натпревар

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се најдоа во големото финале од купот на Македонија, откако во реванш натпреварот од полуфиналето убедливо со 4:0 го победија тимот на Металург. Црвено-црните успеаа на теренот на железарница да му нанесат висок пораз на противникот и на тој начин да се борат за трофејот од ова натпреварување. Да потсетиме дека на првиот меч, одигран на теренот во населбата Марино дуелот заврши без голови 0:0. Стрелци на головите на вчерашниот натпревар беа Марко Ѓорѓиевски, Саит Битиќи, Александар Ѓеоргиески и Кристиан Ристовски.

-Со оглед на тоа што овој натпревар ни беше од голема важност за пласман во финалето од Купот на Македонија, во него влеговме максимално сконцентрирано. Задачите зададени од страна на тренерот беа професионално извршувани на теренот. Сето тоа вроди со плод и во првото полувреме постигнавме два гола и поведовме со 2-0. Истиот начин на игра и максималното залагање од сите донесе во вториот дел да продолжиме со постигнување на уште два погодоци. Мое мислење е дека бевме надмоќни на сите позиции во текот на целиот натпревар. Со начинот на којшто го изигравме целиот натпревар, донесе резултат кој комплетната екипа го очекуваше пред самиот натпревар.

Противник на Вардарци во големото финале ќе ни биде екипата на Милано. Нема многу одмор за избраниците на Сашо Тодоровски, кои викендов ги очекува уште еден важен и тежок натпревар против второпласираниот тим  на Шкупи. Овој меч ќе биде одигран на теренот во Марино. Со победа Вардар ќе биде многу блиску до остварување на главната цел.

-Во очекување на финалниот меч со екипата на  Милано, очекувам комплетна доминација на теренот од наша страна, игра како што пруживме на денешниот натпревар и нормално сигурна победа. Исто така не очекуваат натпревари во првенството, од каде очекуваме бодовен скор кој на крајот ќе не донесе на првата позиција во лигата. Оваа година е наша и борбата за двојната круна продолжува викендов во дуелот против Шкупи , изјави Кристиан Ристовски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски