Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински лиги > Кадетската репрезентација денес игра два меча на турнир во Бих, во тимот се шест црвено-црни ракометари и нашиот тренер Петрушевски
Кадетската  репрезентација денес игра два меча на турнир во Бих, во тимот се  шест црвено-црни ракометари и нашиот тренер Петрушевски

Кадетската репрезентација денес игра два меча на турнир во Бих, во тимот се шест црвено-црни ракометари и нашиот тренер Петрушевски

Македонската машка кадетската репрезентација, до 18 години вчера пристигна  Бугојно , Босна и Херцеговина, каде нашите  младите црвено-жолти ракометни надежи   ќе  учествуваат на силен меѓународен турнир -Ракометот е мојата иднина 2016. 

Нашите црвено-жолти кадети денеска на првиот за нив натпреварувачки ден на овој турнир во БиХ ќе одиграат два дуели од нивната група. Според распоредот на овој силен меѓународен турнир денес  во  9-00 часот ќе одиграме дуел со  кадетската селекција на  Хрватска , а пак од  вечерва во 19 часот и 15 минути  играме со селекцијата на  Катар. Утре односно  во петок играме со  врсниците од Полска, овој меч е закажан  во 12 часот и 30 минути. Селекција на Македонија  ќе биде  предводена од нашиот Стојан Петрушевски кој е предводник на екипата на Рк Вардар 2, а пак негов   помошник е Оливер Димитриоски.  Од црвено-црниот машки ракометен колектив во селекцијата имаме дури шест  момци кој ќе настапат на овој  турнир. А тоа се :Марко Кизиќ -Вардар,  Андреј Мицаноски -Вардар,  Кристијан Ѓоршевски -Вардар Јуниор,  Дејан Кукуловски -Вардар 2, Антонио Николовски -Вардар Јуниор, Стефан Крстевски -Вардар 2. На овој  турнир свое  учество ќе имаат осум кадетски репрезентации, кои се  поделени во две групи, нашата селекција е во групата-Б. Покрај Македонија во нашата група се и  Хрватска, Полска, и Катар.