Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Младинската ракометна репрезентација ги доби противниците на ЕП во Данска
Младинската ракометна репрезентација ги доби противниците на ЕП во Данска

Младинската ракометна репрезентација ги доби противниците на ЕП во Данска

Младинската ракометна репрезентација ги дозна противниците со кои ќе се натпреварува во групата на европското првенство, кое во периодот од 28 јули до 7 август ќе се одигра во Данска. Избраниците на Александар Јовиќ во група ќе бидат со селекциите на Холандија, Норвешка и домаќинот Данска. Само најдобропласираните две репрезентации ќе се пласираат во наредната фаза. Нашите репрезентативци успеаа да се изборат за учество на овој мундијал, откако на квалификацискиот турнир одигран во Швајцарија го освоија второто место. На тој турнир бевме подобри од Фарски Острови и Црна Гора, додека единствено бевме поразени од домаќинот Швајцарија.

Ова се сите извлечени групи за Европското младинско првенство во Данска:

Група А: Франција, Швајцарија, Србија, Полска
Група Б: Шпанија, Исланд, Словенија, Русија
Група Ц: Данска, Норвешка, Холандија, МАКЕДОНИЈА
Група Д: Унгарија, Германија Хрватска, Шведска