Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шампионот во ракометната “Јуниор“ лига за генер. 2004/05 ќе се одлучи на завршен Ф-4 турнир
Шампионот во ракометната “Јуниор“ лига за генер. 2004/05 ќе се одлучи на завршен Ф-4 турнир

Шампионот во ракометната “Јуниор“ лига за генер. 2004/05 ќе се одлучи на завршен Ф-4 турнир

За разлика од генерацијата 1998/1999 каде според пропозициите   првак ќе се добие така што  ќе  се игра еден финален меч или популарно наречен “мајсторка”, во кој ќе се сретнат две екипи кои се први на табелата, а  победникот ќе биде првак во  генерацијата, кај генерацијата 2004/2005 и во двете конкуренции ќе се одигра завршен Ф-4 турнир.

Кај дамите во оваа генерација на две кола до крај на регуларниот  тимовите на Академија 1 и на РК Ново Лисиче Вардар со сигурност ќе ги освојат првите две места и се најголеми фаворити за титулата. Во разигрувањето за титулата ќе игра по принципот прво со четврто пласиран  и второ со трето пласиран во полуфиналето, а победниците ќе играат во големото финале.  Во следното коло во оваа конкуренција ќе се игра дербито на сезоната меѓу РК Ново Лисиче и Академија 1, меч кој ќе биде одлучувачки за лидерската позиција на табелата.

ТАБЕЛА 2004/05 ЖЕНИ!

ТАБЕЛА 2004/05 ЖЕНИ!

mzi

ТАБЕЛА 2004/05 МАЖИ!

Кај момчињата  во истата старосна категорија, односно ракометарчиња родени во генерацијата 2004/2005 засега извесно тимот на  Академија 1 по завршувањето на  т.н регуларната сезона ќе биде на лидерското  место. Тие имаат  предност од 6 бода во однос на екипата на  Академија 2 на само две кола до крај на оваа фаза. И овде во  разигрувањето за титулата ќе игра по принципотчетврто пласиран  и второ со трето пласиран во полуфиналето и се разбира победиците од овие дуели ќе играат во финале за оваа генерација.