Овој викенд започнува плеј-оф фазата од женската ракометна Супер лига. Покрај најдобрите четири екипи во т.н регуларен дел од сезоната во оваа фаза ќе се приклучи и нашиот шампион екипата на ЖРК Вардар. Избраничките на Кастратовиќ и Камара се актуелни бранители на титулата во суперлигашкото друштво, и ќе се обидат трета година по ред да дојдат до шампионскиот наслов.
Покрај нашите девојки од првиот тим во оваа фаза свое место имаат и младите вардарки од екипата на Жрк Вардар јуниор. Покрај избраничките на Симе Симовски и скопскиот ривал Металург, битолски Пелистер и екипата на РК Куманово како најдобри четири екипи во досегашниот дел од првенството ќе учестуваат во борбата за титулата. Повеќе од јасно е првотимките на Вардар во оваа македонска женска ракометна конкуренција се апсолутниот и неприкосновен фаворит. Победите на сите мечеви однапред се впишани, само прашањето кое е сеуште отворено се гол-разликата со која црвено-црните ќе ја завршат оваа плеј-оф фаза. Во првото коло од плејофот во женската Супер лига овој викенд нашите девојки ќе бидат слободни, а пак младите вардарки од Вардар јуниор ќе го играат првиото коло од оваа етапа со тимот со кој се сретнаа во последната рунда од регуларниот дел, екипата на битолски Пелистер. Ние стартуваме во второто коло кое закажано за на 23 /24 април и ќе се сретнеме со екипата на Куманово, а пак Вардар јуниор ќе гостува во Автокоманда во дербито за второ место кај Металург. Оваа рунда од суперлигашката сезона има 10 кола и според календарот последното коло е закажани за на 28/29 мај. Распоредот може да погледнете во продолжение.