Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Покана до сите медиуми за заедничко следење на ждрепката за Ф4 во Будимпешта
Покана до сите медиуми за заедничко следење на ждрепката за Ф4 во Будимпешта

Покана до сите медиуми за заедничко следење на ждрепката за Ф4 во Будимпешта

Во петок ќе бидат извлечени полуфиналните двојки во женската лига на шампиони, по што ќе биде познат противникот и последната пречка на Вардарки до големото финале, што ќе биде прво за нив во историјата на клубот. По тој повод се покануваат медиумите за заедничко следење на ждрепката во конференциската сала на С.Ц Јане Сандански, со почеток од 11:15 часот. Будуќност, Ѓер и Букурешт се можни противници за црвено-црните, најпосакуван е сигурно Романскиот претставник.

На ова случување ќе бидат присутни и дел од играчите на ЖРК Вардар, на кои ќе може да им се поставуваат прашања околу противникот и завршниот турнир во Будимпешта.