Новото засилување на Вардар, Виктор Нилдо Јуфо поради повреда нема да биде во можност да настапи на дуелот против екипата на Пјуник, првиот меч од 1 квалификациско коло во ЛЕ, кој е закажан да се одигра утре со почеток од 16 часот по македонско време во Ереван.
Бразилецот има повреда на задната ложа, поточно има парцијална руптура, па се уште се опоравува од повредата, а под знак прашалник е неговиот настап и на реваншот за седум дена. Шефот на стручниот штаб, Бобан Бабунски ги одреди фудбалерите кои ќе бидат во комбинација за утрешниот меч против Пјуник.