Сениорскиот кошаркарски колекти Вардар по една година повторно ќе биде дел од кошаркарската елита. За настапите во Првата лига, црвено-црните се засилија со својот поранешен член, поранешниот младински репрезентативец Дамјан Робев.
Младиот Робев , на кој добро му е познат паркетот во нашиот спортски дом и долги години беше дел од Вардар, после една година пауза повторно му се враќа на црвено-црното семејство. Откако лани замина во КК Гостивар, Робев за сезоната 2018/19 својот потпис одлучи да го стави во Вардар. Со својата висина 198 см и 21 година, и те како ќе придонесе за квалитетна игра на екипа. Ова е второ засилување откако вчера беше промовиран крилец центар од САД, кој го засили нашиот тим-види