Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познат составот за пионерите на РК Вардар, во натпреварувачката сезона 2018/19
Познат составот за пионерите на РК Вардар, во натпреварувачката сезона 2018/19

Познат составот за пионерите на РК Вардар, во натпреварувачката сезона 2018/19

Генерацијата на РК Вардар родени 2004/05 година или пионерите во новата сезона ќе се натпреваруваат во пионерската лига. Тренерски тандем на оваа генерација останува Зоран Петковски- Зенга како главен и Никола Бисинов, како негов помошен тренер. Екипата речиси е иста од минатата сезона, надополнета со две нови имиња. Тоа се Никола Анакиевски од Делчево и Виктор Трифуновски од ГРК Гостивар. Познат е составот за пионерите на РК Вардар во натпреварувачката сезона 2018/19.

Голмани: Филип Сотировски, Илија Велковски, Петар Колевски и Никола Спасовски

Крила: Мартин Сипковски, Тадеј Аритонов, Марјан Гочев, Антониј Андовски, Матеј Трајановски и Давид Младеновски

Бекови: Кирил Симоновски, Алек Алексовски, Никола Анакиевски, Марио Стојановски, Виктор Трифуновски Илија Табаков, Давид Славевски, Стефан Ристевски, Андреј Петрушевски и Христијан Петковски.

Пивоти: Александар Стојменов, Мартин Тодороски и Ѓеоргиј Спасовски.

Дополнително ќе објавиме за стартот  на подготовките за оваа екипа, кои треба да стартуваат во првата или втората недела од месец август. Во дебитанската сезона оваа генерација се натпреваруваше во пионерската лига, со повозрасни екипи. Одиграа вкупно 10 натпревари, забележувајќи 4 победи, 1 нерешен резултат и 5 порази.