Thursday ,09 December 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар не загуби во Тетово, Гачевски одново јунак!!
Вардар не загуби во Тетово, Гачевски одново јунак!!

Вардар не загуби во Тетово, Гачевски одново јунак!!

Мега дербито во Тетово заврши со непопуларниот резултат 0:0, откако попладнево напаѓачите на Шкендија и Вардар не беа расположени за голови, односно одбраните на двата тима делуваа одлично.

Во првите десет минути од натпреварот Вардар се обиде да започне агресивно, створи некоја шанса, а имаше и два удари од аголот, но без успешни. Шкендија својата прва посериозна шанса ја имаше некаде кон 27. минута преку Ибраими, на кој ударот му беше изблокиран. Вардар најдобрата шанса во првиот дел ја имаше во 30. минута кога Цветаноски убаво му асистираше на Аврамовски, кој од 15-сетина метри биеше само над голот на противникот. Со резултат 0:0 се замина на пауза.

Во вториот дел, Вардар реши да се брани и својата шанса да ја чека преку контра напади, додека пак домаќинот се реши, што беше очекувано, да го нападне нашиот гол. Одново јунак на Вардар беше Филип Гачевски, а супер партија имаше и младиот Младеновски, кој одигра меч без ниту една грешка. Шкендија, очекувано, од 75. минута па се до самиот крај се обидуваше се повеќе и притискаше, но фантастичната одбрана на Вардар не дозволи во ниту еден момент Шкендија да има 100% шанса, освен во самиот финиш, кога Гачевски со две супер одбрани спаси сигурен гол на противникот и победа.

Со овие 0:0, разликата на табелата помеѓу овие два тима останува иста. Следи едно неделна пауза во ПМФЛ.