Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар незнае за пораз од 10 април , или 18 првенствени кола во првата лига
ФК Вардар незнае за пораз од 10 април , или 18 првенствени кола во првата лига

ФК Вардар незнае за пораз од 10 април , или 18 првенствени кола во првата лига

Вардар беше на врвот на “безната“ со Победа, нашиот шампион губеше 0-1 се до 88 минута. Во финишот Асани и Којашевиќ со погодоци ја свртија ситуацијата и триумфиравме со 2-1. Вардарци   се во неверојатна  серија од осумнаесет првенствени меча без пораз шест во минатата и дванеасет во оваа сезона.

Табела ПМФЛ по одиграни 12.кола!

Табела ПМФЛ по одиграни 12.кола!

Последен неуспех го имавме на  10 април , кога доживеавме поразот од Силекс со 2-3 во Кратово.  Од тогаш досега забележавме  13 победи и пет нерешени средби. На тие мечеви имавме вкупна гол-разлика од 25 гола плус, односно  33-8. Во досегашните 12 кола имаме најдобара одбрана со само пет примени гола, кај нападот исто сме неприкосновени, со постигнати дваесет и три погодоци. Следното коло гостуваме кај “фенерџијата“ во лигата штипска ФК Брегалница која има само една победа и освоено само осум бода. На врвот на табелата имаме комотни седум бодови преднос во однос на Шкендија, се очекува во следното коло да ја продолжиме нашата низа на успеси.