Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пуштени во продажба билетите за натпреварот со Астраханочка, истите изнесуваат само 150 денари
Пуштени во продажба билетите за натпреварот со Астраханочка, истите изнесуваат само 150 денари

Пуштени во продажба билетите за натпреварот со Астраханочка, истите изнесуваат само 150 денари

Веќе се пуштени во продажба билетите за следниот натпревар на екипата на ЖРК Вардар во лигата на шампиони. В сабота во спортскиот центар Јане Сандански, нашиот ракометен шампион ќе одигра уште еден натпревар со екипата на Астраханочка, но овој пат пред својата публика. За таа цел веќе се пуштени во продажба билетите за овој натпревар. Истите можат да се набават секој ден пред билетарницата на С.Ц. Јане Сандански во периодот од 10-18 часот и чинат 150 денари.

Повеќе информации  можат да се добијат на Е-маил: info@ticketplus.mk или на телефонскиот број: + 389 2 401 980, како и на TicketsPlus 

На натпреварот можат да присуствуваат сите кои имаат набавено сезонски билети или со најновите ПАС картички и истите ги приложат. Ова е четврто коло од најголемото ракометно натпреварување. Вардар засега има две победи и еден нерешен резултат.